Герет Бејл доби жестоки свирежи на Сантијаго Бернабеу синоќа кога влезе во игра на натпреварот против Хетафе.
Реал Мадрид на овој меч победи пред своите гледачи со 2:0, а можност во финишот од мечот доби Бејл, кој на теренот влезе наместо Карим Бензема.
Меѓутоа, кога влезе на теренот, доби жестоки свирежи и навреди од навивачите на кралскиот клуб, а на сето тоа Велшанецот само се насмеа, што дополнително го предизвика гневот на симпатизерите на Реал Мадрид.
„Кавгата“ меѓу Бејл и навивачите на Реал трае веќе неколку години, иако Велшанецот ги имаше своите блескави моменти во овој клуб.
Но, се започна кога фудбалот повеќе не му беше приоритет и повеќе внимаваше на играњето голф, што предизвика најголем револт кај навивачите на Реал. Иако никој не го сака на Бернабеу, очигледно е дека на Бејл не му пречи премногу и добро му оди.
Тој уште пред вчерашниот натпревар објави фотографии од теренот за голф и откри дека подарува комплет палки за голф, а секако повеќето коментари под објавата беа од навивачите на Реал Мадрид кои и таму го навредуваа Бејл.
Нив им пречеше тоа што Бејл на денот на натпреварот повторно се посвети повеќе на голфот отколку на фудбалот, а многумина рекоа дека едвај чекаат да му истече договорот на лето и да го напушти кралскиот клуб.
View this post on Instagram