КОШАРКА

Навивачите на Црвена Звезда со транспарент за Перо Антиќ: Ти си наш, затоа не те сакаат (ФОТО)

Навивачите на Црвена звезда денеска пред мечот со Монако имаа порака Перо Антиќ, кој во минатото играше за овој клуб. Скандираа „Перо Антиќ“ и закачија транспарент на кој го поддржаа својот поранешен играч, кој беше мета на „Комити“ поради тоа што на ракометниот спектакл во „Борис Трајковски“ пред неколку дена, помеѓу ракометните легенди и актуелната репрезентација, се појави со дуксер на Црвена Звезда.

„Не те сакаат затоа што си наш, најубаво е чувството кога си ѕвезда на Звезда. Перо Антиќ!“, стоеше на транспарентот.

„Јаде македонски леб, а за Звезда навива“ како и „Дно“ беа коментарите на навивачката група „Комити“.

Антиќ потоа објаснуваше дека не сака да се правда никому, но смета дека не погрешил. Вели навива за Црвена Звезда и така и ќе остане. Воедно изјави дека никогаш не бил на државна ци*ка, туку сите пари кои ги заработил ги донел во Македонија. Антиќ во моментов е претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.

https://sportm.mk/komiti-udrija-po-pero-antik-makedonski-leb-jade-za-zvezda-da-naviva-foto/

https://sportm.mk/pero-antik-im-odgovori-na-komiti-koi-go-napadnaa-poradi-dukserot-ne-sum-bil-na-drzhavna-tsi-ka-site-pari-shto-gi-zarabotiv-gi-donesov-vo-makedonija/