ФУДБАЛ

Навивачки инцидент на натпреварот од Лигата на шампионите синоќа

Тотенхем синоќа успешно ја отвори новата сезона од групната фаза во Лигата на шампионите.

 

Англискиот тим го совлада Марсеј со 2:0 и сигурно неговите навивачи можат да бидат задоволни.

 

Сепак, не помина се синоќа без инциденти.

Имено, навивачите на тимот од Франција се судрија со локалните симпатизери и стјуарди.

 

Гостите се обидоа да „фатат“ едно од знамињата на домашниот клуб во боите на виножитото и настана хаос.

Летале шишиња и разни предмети, а голем инцидент спречиле специјалци кои се упатиле кон трибината и ги разделиле навивачите на двата тима.

 

Навивачите на Марсеј сигурно се меѓу најдобрите во светот.

 

Покрај одличното навивање, тие се познати и по инцидентите, поради што често се на мета на Дисциплинската комисија на УЕФА.

 

Нема сомнеж дека клубот го очекува казна и по овој инцидент.

 

Во групата Д по првото коло Спортинг и Тотенхем имаат победа, а Марсеј и Франкфурт се на нула.