Радиоводителот од ДР Конго, Куку Муладинга, е еден од симболите на актуелниот Африкански куп на нации поради начинот на кој ги следеше натпреварите на својата репрезентација.
Имено, Муладинга ги минуваше целите натпревари во иста положба, стоеше како статуа цел меч, додека другите навивачи на ДР Конго околу него пееја, танцуваа и навиваа.
Откако ДР Конго беше елиминиран во четвртфиналето од Алжир, тамошниот министер за спорт Дидие Будимбу, во име на претседателот, му подари џип како знак на благодарност за страсната поддршка.
View this post on Instagram
