Многумина беа изненадени од одлуката на Брин Форбс да преговара со Барселона, но се чини дека тоа е поради инцидентот со неговата поранешна свршеница, НБА тимовите не го сакаат.
По Кемба Вокер, Сви Михалик, Патрик Мекоу и Ленгстон Галовеј, уште еден НБА играч кој би можел да ја продолжи кариерата во Европа е Брин Форбс. Одличниот шутер и поранешен кошаркар на Сан Антонио, Милвоки, Денвер и Минесота е поврзан со Барселона, а освен по кошарката, познат е и по врската со Елса Џен. Оваа ѕвезда на сајтот за возрасни „Only Fans“, која воедно е и п*рно актерка, беше во врска со него долго време, а таа го обвини Форбс за злоупотреба во март оваа година. За нападот бил уапсен, а медиумите објавија дека Елса имала модринки на двете очи.
Наводно, Брин Форбс бил „исплашен од нејзиниот успех“ на „Only Fans“, а според „Daily Mail“ Форбс неколку пати ја удрил 26-годишната п*рно актерка. Нападот наводно се случил на 15 февруари, а Елса истакнала дека Брин ја удрил повеќе пати.

