НБА го казни кошаркарот на Мајами хит, Џими Батлер со 25.000 долари затоа што одби да присуствува на прес-конференција по натпреварот број 3 од финалето на Источната конференција против Бостон.
Кошаркарот ги прекрши правилата на лигата кои ја регулираат комуникацијата со медиумите. Мајами го доби натпреварот со 128:102 и поведе со 3:0 во серијата прв до четири.
