Голем скандал изби во Америка откако седумкратниот НБА шампион Роберт Хори беше исфрлен од мечот на кој играше неговиот син! Познатиот поранешен кошаркар и поранешен член на Лејкерс го гледаше својот најмлад син Кристијан како игра за средношколски тим, а „TMZ“ објави видео на кое се гледа како е исфрлен од салата.
Незадоволен од судењето почна да ги навредува судиите од трибините, а притоа да им аплаудира. “Еј судија, немаш поим! Немаш поим? Зборуваш за мене, а немаш поим!”, извика Хори, а потоа поранешниот крилен центар висок 208 сантиметри слезе на теренот!
Роберт Хори играше во НБА од 1992 до 2008 година и во богатата кариера играше за Хјустон Рокетс, Феникс Санс, Лос Анџелес Лејкерс и Сан Антонио Спарс. Тој ги освои првите две титули со Хјустон во средината на деведесеттите, а потоа на почетокот на 2000-тите освои три титули со ЛА Лејкерс во тим со Шекил О’Нил и Коби Брајант.
После тоа, тој се пресели во Сан Антонио и како ветеран додаде уште два прстени во тимот со Тим Данкан, Ману Џинобили и Тони Паркер. Во текот на кариерата беше познат како играч кој редовно ги погодува најважните удари и упати неколку тројки кои го решија шампионот во НБА.
