ФУДБАЛ

Не беше воодушевен: Камерите ја снимија реакцијата на Гави откако Бензема ја освои Златната топка

Синоќа во Париз се одржа церемонијата за доделување на Златната топка, која ја освои Карим Бензема.

Бензема сосема заслужено беше прогласен за најдобар играч на светот во 2022 година бидејќи сезоната ја одбележа со одличните игри во дресот на Реал Мадрид.

Францускиот напаѓач во изминатата сезона го носеше на грб кралскиот клуб, а беше еден од најзаслужните за успехот на Реал Мадрид во освојувањето на нов трофеј во Лигата на шампионите, како и нова титула шпански првак.

Во Реал Мадрид можеа да бидат задоволни од синоќешниот избор бидејќи покрај Бензема, наградата за најдобар голман ја доби и Тибо Куртоа.

Откако Зинедин Зидан откри дека Бензема е добитник и добитник на Златната топка, доби овации, но имаше и такви кои не беа многу воодушевени од успехот на напаѓачот на Реал Мадрид.

Очекувано станува збор за поединци од таборот на лутиот ривал Барселона, а тука се издвојува младиот играч за врска Гави, кој синоќа ја доби наградата за најдобар млад играч во светот.

Во моментот кога Бензема излезе на сцената, камерите го снимија и Гави кој седеше зад него, а на лицето на младиот играч за врска на Барселона беше јасно дека не е многу среќен што напаѓачот на Реал Мадрид ја доби наградата.

Можеби така реагираше поради тоа што само ден претходно Барселона беше поразена во Ел Класико од Реал Мадрид со 3:1, а токму Гави во вториот дел имаше вербална пресметка со Бензема.

Очекувано, реакцијата на Гави за освојувањето на Златната топка на Бензема стана хит на социјалните мрежи, но уште еднаш покажа колку младиот играч за врска е верен на својот клуб и фактот дека навистина не се радува на успесите на играчите од редовите на неговиот најголем ривал.