Поранешниот англиски репрезентативец Гери Невил смета дека Ливерпул нема никакви шанси во борбата за титулата со Манчестер Сити следната сезона.
Тимот на Пеп Гвардиола го брани трофејот, а во текот на летото се засили со доаѓањето на Ерлинг Холанд, еден од најдобрите напаѓачи во светот.
„Минатата сезона имавме трка за титулата и мислам дека Ливерпул тргна со огромна брзина, давајќи се од себе да се одржи до крајот. Да бидам искрен, не би бил изненаден доколку Сити следната сезона ја освои титулата со голема разлика“, изјави дефанзивецот на Манчестер Јунајтед.
Во сезоната 2021/22, Сити го освои пехарот со 93 бода од 38 натпревари, додека тимот од „Енфилд“ имаше еден помалку.
Новата сезона во Премиер лигата започнува на 5 август со дуелот помеѓу Кристал Палас и Арсенал.