Најголемиот спектакл треба да го донесе дуелот помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен. Шпанскиот гигант вчера го елиминираше Манчестер Сити, додека Баерн вечерва беше подобар од Аталанта.
Ништо помалку интересно нема да биде ниту во дуелот меѓу ПСЖ и Ливерпул. Актуелниот европски шампион го елиминираше Челси, додека Ливерпул во двомеч го „сврте“ резултатот против Галатасарај.
Шпанска пресметка ќе имаат Барселона и Атлетико Мадрид. Каталонците беа подобри од Њукасл, а Атлетико го елиминираше Тотенхем.
Најмалку возбудувања се очекуваат во двомечот помеѓу Арсенал и Спортинг, каде лидерот на Премиерлигата е апсолутен фаворит за пласман во полуфиналето.
Првите натпревари од четвртфиналето ќе се играат на 7 и 8 април, а реваншите се закажани седум дена подоцна.
Парови за четвртфиналето:
-
ПСЖ – Ливерпул
-
Реал Мадрид – Баерн Минхен
-
Барселона – Атлетико Мадрид
-
Спортинг – Арсенал
