ФУДБАЛ

„Не е до Азербејџан, да играа Ливерпул или Манчестер Јунајтед тогаш стадионот ќе беше полн“

Играчите на Челзи ја освоија Лига Европа, откако синоќа го совладаа Арсенал со убедливи 4:1.

Челзи до титулата стигна полесно отколку што очекуваше, додека Арсенал ја загуби последната шанса да се квалификува за Лигата на шампионите следната сезона.

Сепак, големото незадоволство на спортската јавност ја предизвика одлуката на УЕФА да го одигра овој натпревар во Баку, но тоа не беше најдобриот избор што се покажа синоќа.

Имаше голем број на празни столчиња на трибините, а на стадионот имаше само неколку илјади навивачи на Челзи и Арсенал кои дојдоа од Англија. Остатокот од публиката беше од Азербејџан или од околните земји.

Сепак, поранешниот играч на Ливерпул, Дани Марфи, рече дека тоа не е грешка на домаќинството во Баку, туку на фановите на лондонските клубови. Тој е сигурен дека стадионот ќе биеше полн со играње на Ливерпул или Манчестер Јунајтед.

“Ако Ливерпул или Манчестер Јунајтед се наоѓаат во финалето, сигурен сум дека немаше да има слободни места на стадионот. Фановите на Ливерпул ќе одеа таму и ќе го поддржеа нивниот тим, тоа не е мое мислење, туку факт“, рече Марфи.

ПОВРЗАНО

Лига Европа