Серхио Рамос цело лето е слободен играч и звучи неверојатно што се уште нема нов клуб.
Сепак, Шпанецот наскоро би можел да потпише за Ал Итихад на две години, до летото 2025 година.
Ал Итихад го сакаше Луис Фелипе од Бетис, договорот пропадна и клубот од Саудиска Арабија сега се сврте кон слободниот Рамос.
Ал Итихад на Рамос му нуди 20 милиони евра по сезона, но и да се бори за трофеи, бидејќи е актуелен шампион на Саудиска Арабија.
Во овој тим веќе се неговиот поранешен соиграч Карим Бензема, Нголо Канте, Фабињо, додека на клупата е Нуно Еспирито Санто.
Рамос има понуда и од Галатасарај но во моментов е поблиску до Ал Итихад.
Неговата двегодишна епизода во Париз не одеше според планот, во првата сезона практично беше надвор од терените поради повреда, во втората се врати и беше солиден, но изгледа годините си го направија своето и тоа на 37 години некои поголеми клубови не одеа по него.
Затоа е тука, како и за се ова лето – Саудиска Арабија…
