Лионел Меси има договор со Барселона до крајот на оваа сезона, по што постои голема можност тој да го напушти клубот.
Меси ова лето сакаше да ја напушти Барселона, но тогаш челниците на клубот не сакаа да го одобрат раскинувањето на неговиот договор. Но, Аргентинецот се уште нема донесено одлука каде да игра следната сезона, и најверојатно ќе го стори тоа во текот на летото.
Шпанските медиуми вчера објавија дека Меси добил огромна сума пари кога во 2017 година се согласил да го продолжи договорот со Блауграна.
Во тоа време, на Меси му беше исплатена премија од дури 39 милиони евра затоа што го продолжи договорот, а годишната плата се зголеми на неверојатни 100 милиони евра бруто.
Исто така, на крајот на оваа сезона, Барселона е обврзана да му плати на Меси уште 39 милиони евра за лојалност кон клубот, но тие се согласија оваа сума да биде платена во следните четири години преку неколку рати.
⚠️ Lionel Messi charged €39m to renew his contract in 2017 and is yet to collect another €39m as a continuity or loyalty bonus at the end of his current contract.#FCB 🇦🇷💰
Via (🟡): @LaVanguardia pic.twitter.com/2G6GRUWimg
— Barça Buzz (@Barca_Buzz) January 11, 2021