Ракометарот на ППД Загреб Анте Гаџа потврди дека од следната сезона ќе ги браните боите на македонскиот шампион Вардар. Се чини дека сите финансиски детали се решени, со ракометарот, но и со неговиот досегашен клуб.
Сепак, најновите информации велат дека тој не е единствениот од Загреб кој ќе се пресели во Вардар. Јосип Векиќ, кој првиот дел од сезоната играше во Загреб, а потоа како позајмен во Дубравка, ќе биде нов ракометар на Вардар.