Потегот кој го направи сопственикот на најтрофејниот италијански тим Андреа Ањели ја разбранува јавноста. Имено, тој на Твитер стисна лајк на објава на еден фан кој напиша: Не сакаме да бидеме шампиони на овој начин, И Андреа Ањели донел таква одлука. Се надевам дека така и ќе биде. Ние не сме како Интер.

Ањели секако е против да се прекине првенството и сака да се доигра сезоната.
Но, „Не сме како Интер“ е практично провокација за најголемиот ривал во Италија, за сезоната 2006 година кога ја доби титулата на „зелена маса“ поради аферата Калчополи кога Јувентус беше казнет и исфрлен во Серие Б.