ФУДБАЛ

Не го заборавија потегот на Барселона од првиот натпревар: Слатка одмазда на Јувентус

Јувентус како гостин ја победи Барселона со 3:0 на „Камп Ноу“.

Торинскиот тим одигра феноменален натпревар и на крајот заслужено ги победи Каталонците, кои беа целосно без идеи на овој натпревар.

Барселона славеше на првиот натпревар во Торино со 2:0. После тој натпревар, тие решија да го „боцнат“ Јувентус, потенцирајќи го Лионел Меси како најдобар на сите времиња.

„Драго ни е што го видовте најголемиот на сите времиња на ваш терен“, рече тогаш Барселона со фотографија од Лионел Меси, а Јувентус одговори:

“Веројатно сте го погледнале во погрешен речник. Ќе ви го донесеме вистинскиот на Камп Ноу”.

И по синоќешниот натпревар, Јуве се огласи и со фотографија од Кристијано Роналдо напишаа:

“Го задржавме зборот. Го донесовме”, алудирајќи на фактот дека зборот GOAT (најголемиот на сите времиња) сепак треба да биде поврзан со Португалецот.

Мирно, тимот од Торино чекаше многу слатка одмазда.