ФУДБАЛ

„Не ја затворам вратата, но не сум 100% сигурен дека ќе останам“

Нејмар ниту во третиот обид не успеа да го освои Мундијалот, а многумина го доведоа во прашање неговото останување во репрезентацијата на Бразил.

Иако Бразил поведе во судиското продолжение со неговиот гол, Хрватска успеа да израмни и потоа во пенал серијата да се пласира во полуфиналето на Светското првенство.

Нејмар веќе има 30 години, што значи дека ќе има 34 за време на следното Светско првенство.

„Има многу што да се размислува, не сакам да кажам ништо избрзано“. Ми треба време да размислам што е добро за мене, а што е добро за репрезентацијата. Не сакам да ја затворам вратата, но ниту да кажам дека 100% ќе останам“, изјави Нејмар за својот статус.

ПОВРЗАНО

Светско првенство 2026