Добро познатиот шпански менаџер Мануел Гарсија Квилон ги зголеми сомнежите во врска со планот на Барселона да го купи напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.
Барса и Интер долго време преговараат за Аргентинецот, со тоа што Интер не се откажуваше од нивното барање од 111 милиони евра, што е и износот на клаузулата за предвремено раскинување на договорот со клубот.
„Мислам дека е тешко за Барселона да инвестира во Лаутаро. Мислам дека Барса и Мадрид нема да потрошат многу пари. Исто така мислам дека на фудбалскиот пазар нема да има многу купувања на играчи“, рече Квилон.