ФУДБАЛ

Не може без Јувентус: Мурињо ризикува строга казна за една речаеница

Рома одигра 2:2 против Верона, а Жозе Мурињо заработи ново исклучување.

Португалскиот стручњак беше многу незадоволен од судењето на судијата Паирета кој од бес ја извади топката и ја шутна на трибините.

По исклучувањето, Мурињо изговори реченица со која се заканува строга казна. Во таа прилика го спомена и Јувентус.

„Намерно те пратија. Јувентус те испрати“, извикал Мурињо.

По натпреварот челниците на Рома им се извинија на судиите за однесувањето на португалскиот тренер, но штетата веќе беше направена.

Според најавите од Италија, Мурињо ќе биде суспендиран на два или три натпревари и нема да може да седне на клупата на Рома.

Рома сега има 41 бод и заостанува шест бода зад четвртопласираниот Јувентус.