Аргентинскиот дефанзивец, кој е моментно во Џенова на позајмица од Јувентус, опиша емотивна средба со своите „соиграчи“.
Ромеро го купи Јувентус минатото лето од Џенова за 26 милиони евра, но младиот 21-годишен дефанзивец остана на позајмица во клубот. Тој сè уште не дебитираше за Јуве, но имаше шанса да се сретне со Кристијано Роналдо и останатите ѕвезди на „Старата дама“.
“Веднаш штом пристигнав во Џенова, ми беше кажано дека можам да одам на позајмица во Кротоне, но по вториот пријателски натпревар бев ставен на списокот на играчи што клубот планира да ги задржи. Бев повреден и кога се вратив Иван Јуриќ беше новиот тренер. Од различни околности моето деби беше против Јувентус “, рече Ромеро, додавајќи:
„Кога ги видов Дибала и Роналдо, емоцијата беше неверојатна. Не можев да верувам во тоа. После ракувањето со ми се тресеа рацете и мислам дека животот ми се промени“.
Тој посочува дека е среќен што останува член на Џенова, а негов сон е да игра за репрезентацијата на Аргентина каде што се Дибала, Меси, Игуаин, Агуеро и многу други фудбалски мајстори на денешницата.