По добро одработениот преоден рок, Барселона игра одлична сезона досега.
Предводена од Чави Ернандез и првата ѕвезда на тимот Роберт Левандовски, Барселона го држи водството во Примера, барем додека Реал Мадрид не го одигра својот натпревар против Осасуна.
Барселона вчера потешко од очекувањата славеше на гостувањето кај Мајорка и стигна до 19-от сезонски бод, а херој во победата од 0:1 повторно беше Левандовски.
Покрај скокот до првото место во лигата, макар и привремено, оваа победа значеше и нов рекорд во шпанската Примера.
Тренерот на Блауграна, Чави Ернандез, по успехот со Осасуна, нема пораз на 18 гостувања како тренер на Барселона, што е нов првенствен рекорд. Претходниот рекорд му припаѓаше на Зинедин Зидан, кога Французинот беше на клупата на Реал Мадрид.
Чави го коментираше споменатиот рекорд, но секако поважно му е тимот да освојува трофеи.
„Рекордот што го соборивме? Ако го направите тоа и не освојувате трофеи, тогаш се е за џабе. Добрите резултати на гостински терен покажуваат дека добро ја вршиме работата, но на крајот на денот ако не да освојувам трофеи, нема да биде важно“, изјави Чави.
Исто така, Чави го пофали херојот на тимот Роберт Левандовски: „Тој е играч кој ти дава гаранции, тоа е јасно. Би рекол дека моментално е најдобриот стрелец во светот“.
Тоа беше деветти гол за Левандовски во првенството и тој е најдобар стрелец, со три повеќе од Иглесијас на Бетис.
Што се однесува до рекордот на Чави, тој ќе има шанса да се „дебели“ на 16 октомври на најтешкото можно гостување кога „блауграна“ ќе гостува кај Реал Мадрид.