Германскиот фудбалер Месут Озил (33) дозна катастрофална одлука за својата кариера.
Новиот тренер на Фенербахче, Хорхе Жесус денеска соопшти дека не смета на услугите на искусен фудбалер и за него нема да има место во неговиот тим во сезоната што претстои.
Ова секако е тежок удар за Озил, кој во март годинава беше исфрлен од тимот поради конфликт со тогашниот тренер Исмаил Картал. Нему му беше одземен и бројот 10 и не одигра ниту една минута до крајот на првенството.
Сега германскиот фудбалер дозна нови лоши вести. Ниту Хорхе Жесус не смета на него и јасно му е кажано дека не е во плановите.
Озил пристигна во Фенербахче во јануари 2021 година. Сепак, тој не покажа премногу и на 37 настапи постигна девет гола.