Барселона, како и секој великан, имаше скапи неуспеси во последните две децении.
Летото 2014 година на Камп Ноу пристигна Џереми Матје, кој воопшто не се прослави за три години во Барселона.
Интересно, францускиот дефанзивец воопшто не сакаше да се приклучи на каталонскиот гигант, но на крајот ја напушти Валенсија.
“Не сакав да одам во Барса. Кога ме повикаа, јас бев капитен на Валенсија. Уживав во животот и се прашував, зошто треба да ја греам клупата во Барселона?”, рече Матје.
„Кога го добив договорот од Барселона, направив нов каде платата беше еднаква на онаа што ја примав во тоа време, онаа што беше на договорот со Барса.
“Му покажав лажен договор на спортскиот директор на Валенсија, Руфете. Му реков ако ми го дадеш ова, ќе останам. Тој ми рече дека не треба да има проблем. Му се јавивме на претседателот, тој одби.”
“Руфете беше во неверување. Ја раскинав хартијата и реков дека заминувам. Сфатив дека повеќе не ме сакаат”.
На крајот Матје го платија 20 милиони евра и ја напушти Барселона во 2017 година кога замина во Спортинг Лисабон. Тој минатата година се прости од фудбалот.