ФУДБАЛ

Не се чекаше долго на реакцијата на Реал по тешките обвиненија на сметка на Серхио Рамос

Откако германски „Der Spiegel“ објави нови информации од документите на „Football Leaks“ и изнесе сериозни обвиненија на сметка на капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос, се огласи и „кралскиот“ клуб.

Имено, „Football Leaks“ тврди дека Серхио Рамос падна на допинг тестот по финалето од Лигата на шампионите во 2017. година помеѓу Реал Мадрид и Јувентус (4:1), но и дека постоеа одредени кршења на правилата кога е во прашање неговиот неговиот допинг тест после натпреварот против Малага во април.

Исто така, „Football Leaks“ тврди дека двата случаи се прикриеи, а не се чекаше долго време и на реакцијата на Реал Мадрид.

„Кралевите“ се огласиа со соопштение во три точки и категорично ги демантираат наводите на „Football Leaks“:

„ 1. Серхио Рамос никогаш не ги прекрши правилата за контрола на допинг.

2. УЕФА бараше благовремена информација и случајот веднаш е затворен и тоа после верификацијата од страна на антидопинг агенцијата АМА и од страна на експертите на УЕФА, како што е праксата и со сите останати случаи.

3. Кога е во прашање останатата содржина на споменатата објава, клубот нема да се огласува се додека не добие докази“, порачаа од Реал Мадрид.