Тео Ернандез го спаси Милан од пораз против Парма во неделата.
Парма водеше со 2-0 на „Сан Сиро“, а потоа на сцена стапи левиот бек на „росонерите“, кој успеа да постигне два гола и со тоа да му донесе барем бод на актуелниот лидер на Серија А.
Ернандез пристигна во Милано пред повеќе од една година од Реал Мадрид на позајмица, но Милан го купи неговиот договор ова лето за 20 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат дека Ернандез едноставно требало да добие шанса во кралскиот клуб и дека премногу лесно се откажале од него.
Сепак, што се однесува до овој играч, се чини дека приказната за неговото можно враќање во Реал Мадрид заврши.
“Не знам дали жалат за моето заминување во Мадрид, но не размислувам премногу за тоа. Пристигнав во Реал прилично млад и не добив шанса. Тие не ми веруваа и решив да заминам. Јас навистина не се гледам себе си во иднина како играч на Реал Мадрид. Уживам во Милан и среќен сум овде “, изјави Ернандез.