Алехандро Гарнасио ги воодушеви фудбалските фанови во неделата попладне кога постигна удар со ножички за рано водство на Манчестер Јунајтед против Евертон.
Во стилот на Руни, но и како неговиот идол Роналдо, Аргентинецот конкурираше за голот на сезоната.
Сепак, тој посебно израдувал еден фан.
Во видеото објавено на Твитер кое стана вирално, Гарначо го запира автомобилот за да се поздрави и да разговара со млад навивач.
На изненадување на детето, Аргентинецот му ги подари копачките во кои играше, и го постигна споменатиот гол. Ги потпишал, а детето завршило во солзи, од среќа секако. Затоа го сакаме фудбалот.
Alejandro Garnacho, what a guy!❤️😍 https://t.co/x1dhhe3HTT
— (fan) Zaid ✍🏼🇾🇪 (@ZaidBalll) November 27, 2023
