ФУДБАЛ

„Не се плашев од Меси на неговиот врв, нема ни сега кога има 35 години“

Искусниот 36-годишен француски дефанзивец Адил Рами потпиша нов едногодишен договор со Троа.

 

Во таа прилика го прашаа поранешниот репрезентативец на Триколорите дали се уште е способен да се носи со врвни фудбалери како што се асовите на Пари Сен Жермен Нејмар и Меси.

Во текот на својата богата кариера, Рами имаше можност да игра за Валенсија во Ла Лига каде се бореше со Нејмар и Меси додека Бразилецот и особено славниот Аргентинец блескаше во дресот на Барселона.

„Дали се плашам од Нејмар и Меси? Си играв со нив кога беа на својот врв. И кога бев на мојот врв. Па, не сега, кога сите имаме 35, 36 години. Секако дека не се плашам!“, ги пренесоа француските медиуми зборовите на Адил Рами.

Овој фудбалер минатата сезона одигра 18 натпревари за Троја и постигна три гола.

Поранешниот француски репрезентативец и Светски шампион од 2018 година претходно играше за Боависта, Фенербахче, Марсеј, Севиља, Милан, Валенсија и Лил.

Тој е познат и по тоа што некое време излегуваше со атрактивната канадска актерка Памела Андерсон.

ПОВРЗАНО

Ла Лига