ФУДБАЛ

Не сме навикнати на вакви работи: Клоп ги нападна судиите!

Откако Ливерпул остана без победа на „Енфилд“ за прв пат оваа сезона, Јурген Клоп се налути, пред се на судиското трио.

Црвените одиграа 1:1 со екипата на Барнли и со тоа, по 17 победи, за прв пат пропуштија бодови на домашен терен. Секако, ќе боли помалку бидејќи „машината“ на Клоп веќе ја обезбеди 19. титула во Англија и прва во Премиер лигата, односно прва по 30 години суша.

По натпреварот, Клоп ги нападна судиите и се спротивстави на неколку одлуки според кои смета деке е оштетен неговиот тим.

„Фрустрирани сме, требаше да постигнеме уште еден гол порано, но голманот Ник Попа беше неверојатен и одбрани некои невозможни работи. Освоивме бод, но тоа не е она што го сакавме пред овој натпревар“, рече Клоп, кој подоцна сепак одби да го коментира судењето.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига