ФУДБАЛ

„Не смееме да бидеме арогантни, ние не сме Реал Мадрид“

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Бернардески беше исклучително среќен од голот кој го постигна против Каљари.

„Старата дама“ го совлада Каљари со 2-0 во последниот натпревар во 2021 година. Бернардески го постави конечниот резултат со својот прв гол од август 2020 година.

„Среќен сум, уживам во овој момент. За нас беше важно да победиме, да ја завршиме годината на вистински начин“, изјави 27-годишниот фудбалер.

„Важно е да си помагаме. Мора да најдеме рамнотежа, мислам дека покажавме добра енергија во последните неколку натпревари“.

Јувентус моментално е петти на табелата со 34 бодови, четири помалку од Аталанта која е на позицијата погоре и девет од водечкиот Интер кој има и натпревар помалку.

„Последниот месец и половина среќата ја најдовме во помагањето еден на друг. „Не смееме да дозволиме да бидеме арогантни, мора да бидеме скромни, ние не сме Реал Мадрид“, додаде Бернардески.