ФУДБАЛ

„Не сум видел таква мрза, но тој блескаше на натпреварите“

Еден Азар реши да стави крај на својата голема фудбалска кариера на 32 години.

 

Поранешниот белгиски репрезентативец ја заврши кариерата како играч на Реал Мадрид, но најдобрите партии ги одигра во дресот на лондонски Челзи.

Оби Микел, неговиот соиграч од времето кога играше во Западен Лондон, имаше интересно мислење за односот на Азаров кон тренинзите.

„Никогаш не тренирал. Тој беше најлош. Никогаш во животот не сум видел поголема мрза“, изјави Нигериецот.

Сè се смени кога дојде играта.

„Сепак, кога ќе дојде натпреварот за време на викендот, доаѓа до целосна трансформација и човекот е играч на натпреварот“, изјави Оби Микел.