ФУДБАЛ

Не се толку „златни“: Меси и Суарез го навредија тренерот пред целиот тим по мечот во Виго

Кике Сетиен доби отказ на клупата на Барселона на крајот на минатата сезона по срамот во Лигата на шампионите.

Сетиен беше на клупата на каталонскиот клуб половина година откако дојде на местото на Ернесто Валверде, но тој навистина не се прослави.

Тој доби отказ откако загуби од Баерн (8-2) во Лигата на шампионите, а за нов тренер беше избран Роналд Куман. Но, Сетиен се уште е во спор со клубот кој не му исплати отштета за отказот.

Сетиен најави дека своите пари ќе ги бара на суд од Барселона, што го избрка прилично грдо. Но, за Сетиен проблемите започнаа уште порано затоа што не е тајна дека тој не беше во добри односи со Лео Меси и Луис Суарез.

Шпанските медиуми денес објавија дека Меси и Суарез го оставија Сетиен без текст по еден натпревар против Селта Виго поради навредите кон него.

Наводно, тие потоа му рекле на Сетиен по натпреварот дека тој е најлошиот тренер што некогаш го виделе и тоа го кажаа пред целиот тим. Беше јасно дека Сетиен тогаш ги загуби конците во тимот, а срамот против Баерн сега се чини дека не се случил случајно.