Младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд ги пропушти последните гостински победи на Манчестер Јунајтед против Њукасл Јунајтед (1:4) и ПСЖ (1:2), очигледно од сосема друга причина од споменатата.
Тој беше официјално повреден како што потврди и тренерот Оле Гунар Солскјер, а неофицијално беше на „ладење“ поради непочитување на клупските правила.
Имено, Гардијан пишува дека Гринвуд доцнел на клупски активности неколку пати, а неиграњето во Премиер лигата и Лигата на шампионите било предупредување за играчот.
Гринвуд се истакна на големата сцена минатата сезона со 17 постигнати голови, а оваа година често го следат скандали бидејќи во септември беше исфрлен од националниот тим заедно со Фил Фоден заради доведување девојки во хотел за време на изолација