ФУДБАЛ

Неговата вера е најважна: Демба Ба е отпуштен бидејќи одбива да го прекине постот за време на важните натпревари

Напаѓачот Демба Ба ја раскина соработката со Башакшехир во средината на април.

Оваа информација првично ги изненади сите, особено поради фактот што клубот од Истанбул очекува борба за опстанок.

Турските медиуми, како и угледниот „Скај Спорт“ ја пренесоа веста дека Демба Ба е отпуштен од клубот затоа што тој не сакал да го прекинер својот пост, сенегалскиот напаѓач постел во текот на месецот Рамазан и не сакал да го прекинува постот поради тренинзи и натпревари. Наводно, ваквиот начин на размислување не го сакал стручниот штаб на Башакшехир, бидејќи клубот имал одлучувачки натпревари.

По овие пишувања, се огласи и Демба Ба.

“Не знам, се сомневам дека тоа е причината. Сите ги почитуваме нашите религиозни убедувања. Во клубот има и други играчи кои постат. Мислам дека ова е приказна за да се сокрие нешто друго. Се чувствував среќен во Башакшехир, го дадов својот максимум, но така е и во животот, време е за нови предизвици “, рече Ба.

Инаку, недоразбирањето на релација Ба – Башакшехир, се случи пред градското дерби против Фенербахче, кое се играше на 18 април.