Откако Нејмар во 2017 година премина од Барселона во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, постојано се расправа за неговото враќање на Камп Ноу.
Бразилскиот интернационалец пристигна во Барселона од Сантос во 2013 година и имаше успешен четиригодишен престој на Камп Ноу, формирајќи едно од најдобрите напаѓачки трио со Лионел Меси и Луис Суарез, популарниот МСН.
Тој играше 186 пати за Блауграна и придонесе со 105 гола и 76 асистенции, освојувајќи две титули во Ла Лига и трофеј во Лигата на шампионите во 2015 година.
Така, кога во 2017 година реши ненадејно да го напушти Камп Ноу во ПСЖ, тоа беше голем шок. Но, откако се пресели во Париз, Нејмар постојано се поврзува со враќање во Барселона.
Сега Фабрицио Романо потврди дека каталонскиот гигант во еден момент бил навистина блиску до повторно потпишување на договор со 30-годишниот фудбалер. Италијанскиот стручњак за трансфери потврди дека Барселона имала речиси финализиран договор за враќање на Нејмар во клубот во летото 2018 година, но не успеал во последен момент.
Клубот летото истата година потпиша договор со сонародникот на Нејмар, Малком, што се покажа како голема грешка. Следната година потрошија многу за доведување на Антоан Гризман, но Французинот исто така не беше вистинско засилување па се врати во Атлетико Мадрид.
Што се однесува до Нејмар, тој постигна домашни успеси во Франција, но се уште не успеал да ги одведе до триумф во Лигата на шампионите.
Бразилецот минатата година повторно се обедини со Меси, а поранешниот капитен на Барселона со слободен трансфер премина во ПСЖ. Дали парот ќе постигне успех на континенталната сцена оваа сезона, останува да видиме.
Засега работите се одвиваат добро со оглед на тоа што беше остварен триумф против Реал Мадрид (1:0) во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.