Угледниот француски весник „L’Equipe“ го објави списокот на најплатени играчи во Лига 1.
Очекувано, фудбалерите на ПСЖ се далеку пред сите, со тоа што најскапиот фудбалер е Нејмар, кој заработува најмногу пари на месечна основа.
Така, Бразилецот за еден месец заработува нешто повеќе од три милиони евра, или 60.000 евра повеќе и е убедливо пред сите останати на списокот.
Неговиот соиграч Килијам Мбапе заработува 1,91 милиони евра месечно, а на третото место се наоѓа Тијаго Силва со заработка од 1,5 милиони евра.
Дури 11 водечки позиции им припаѓаат на фудбалерите на ПСЖ, оваа серија на 12-то место со плата од 650.000 евра ја прекинува напаѓачот на Монако, Висам Бен Идер.
Од останатите 20 екипи е само Цеск Фабрегас (600.000) и Тајмуи Бакајоко (450.000) од Монако, а дуото од Марсеј, Кевин Строотман и Димитри Паје со по половина милион евра.
Интересно е што просечната неделна плата на фудбалерите на ПСЖ е 205.000 евра.