Нејмар на сметка на неговата игра доби различни коментари, но сигурно Џои Бартон најде друго ниво за да го опише најскапиот играч во историјата на фудбалот.
Бартон е познат по тоа што нема влакна на јазикот и секогаш е искрен за сè. Овој пат поранешниот англиски фудбалер даде интервју за истакнат „L’Equipe“, а една од темите беше Нејмар кој пред една година потпиша за ПСЖ и стана најскапиот играч на сите времиња.
Јасно е дека Бартон не го штедеше Нејмар, но со неговата изјава за бразилскиот играч отиде чекор подалеку од сите. Бартон на крајот дури рече дека Нејмар не е еден од најдобрите играчи во светот и дека никогаш нема да биде на ниво на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
“Нејмар е Ким Кардашијан во фудбалот. Тој не е еден од најдобрите играчи во светот и тоа го покажа во Русија на Светското првенство. Тој не е на нивото на Меси и Роналдо и никогаш нема да биде. Дури и јас верувам дека има многу подобри играчи од него. Сепак, за мене тоа е феномен што се однесува до маркетингот, исто како и семејството Кардашиан “, рече Бартон.