ФУДБАЛ

Нејмар ги изненади сите со изборот за Златната топка: Ниту Бензема, ниту Мбапе …

Овогодинешното доделување на Златната топка ќе се одржи на 17 октомври во Theatre du Chatelet во Париз.

Свој избор даде и Нејмар, а зачудувачки, таму не се ниту одличниот Бензема, ниту неговиот соиграч Мбапе.

Нејмар зборуваше за ТНТ Спортс по завршувањето на сезоната во Лига 1. Бразилецот беше прашан за неговиот фаворит за освојување на Златната топка. Неговиот избор изненади многумина.

„Килијан Мбапе имаше одлична сезона, Карим Бензема исто така. Сепак, гледав многу малку натпревари оваа година. Ако треба да се потпрам на она што го видов, би го избрал Винисиус Јуниор“, рече тој.

Винисиус ја имаше најдобрата сезона во својата кариера, постигнувајќи 22 гола и додавајќи 20 асистенции на 52 натпревари во сите натпреварувања, а круната на сето тоа беше саботното финале во Лигата на шампионите, одлучено од него.

Според експертите, главен фаворит за освојување на Златната топка е Карим Бензема, кој оваа сезона постигна 44 гола и додаде 15 асистенции на 46 натпревари. Французите не кријат дека оваа награда е негова главна цел.

“Често размислував за тоа кога го освои Кристијано Роналдо. Мислев дека и јас можам да го направам тоа. Можам да признаам дека никогаш во кариерата не сум бил толку блиску до освојување на овој трофеј”, изјави Бензема за ESPN.

На последната табела која ја објави Goal, најблиску до Златната топка е Карим Бензема, а зад него се двоецот на Ливерпул Садио Мане и Мохамед Салах.