Марко Верати беше еден од најдобрите на теренот во победата на Пари Сен Жермен над Реал Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
ПСЖ триумфираше со голот на Мбапе во самиот финиш на натпреварот.
Бразилецот Нејмар го пофали одличниот италијански играч за врска кој имаше дури 92% успешни додавања во играта.
„Знаев дека е исклучителен играч, но очигледно не бев свесен дека е толку спектакуларен. Тој е генијалец, еден од најдобрите играчи од средниот ред со кои сум играл, заедно со Чави и Иниеста. “
Верати е во Пари Сен Жермен од 2012 година, кога пристигна од Пескара. Со францускиот клуб освои 27 трофеи.