ФУДБАЛ

Нејмар го предупредува ПСЖ: Сакам нов предизвик ова лето

Бразилецот Нејмар навести дека ова лето повторно ќе се обиде да замине од ПСЖ. Тој рече дека ќе бара нов предизвик во кариерата откако ќе заврши оваа сезона.

Нејмар беше близу да се врати во Барселона минатото лето, откако му стави до знаење на францускиот клуб дека не сака повеќе да остане во Париз.

Сепак, по неколкумесечни преговори, двата клуба не успеаја да постигнат договор и Нејмар беше принуден да остане во Франција најмалку уште 12 месеци.

Првично навивачите повеќе не го сакаа во составот, но кога Нејмар се врати од повредата го докажа својот талент и повторно ги освои срцата на навивачите.

Но, неговите последни изјави може повторно да ги возбудат навивачите и свирежите нивни. Во неодамнешното интервју, Нејмар ги откри своите намери за оваа година, велејќи дека тој сака нов предизвик.

Мојата цел е да освојам се што можам со ПСЖ и репрезентацијата на Бразил“, рече Нејмари.

„Сакам да стигнам до финалето во Лигата на шампионите, да го освојам Купот на Америка и потоа да најдам нови предизвици во кариерата“.