Во Лион се разочарани по синоќешниот пораз од ПСЖ 2:1.
Парижаните го постигнаа својот прв гол од 11 метри преку Нејмар во 66. минута, а за тој детал ќе се зборува многу.
Тренерот на Лион, Петер Бош, смета дека немаше пенал, а тоа требаше да го покаже и ВАР.
„Нејмар го влечеше Мала Густа, ја стави раката на грбот. Сигурен сум дека не е пенал, како е можно ВАР да не го видитоа, ако судијата веќе не можеше“, се прашува Бош.
Разочарани беа и челниците на гостинскиот тим.
„Немаше пенал, требаше да објави ВАР. Тоа не беше нормална одлука“, рече претседателот на Лион, Мишел Олас.
ПСЖ е лидер по шест кола и има максимални перформанси. Лион е само деветти со осум бода.