Каде и да се појави најскапиот фудбалер во светот, Нејмар е вистинска лудост меѓу младите обожаватели.
Многу момчиња сонуваат да добијат дрес од бразилскиот велемајстор, а на еден од нив денес тоа му успеа на натпреварот Рен-ПСЖ.
На крајот на натпреварот, расплаканото момче влезе на теренот кога Бразилецот се упати кон соблекувалните. Обезбедувањето се обидело да го тргне момчето, но Нејмар го заштити од нив и не им дозволил да го тргнат.
Како подарок, младиот поддржувач доби дрес, па овој влез на терен ќе остане засекогаш во неговото сеќавање.
