ФУДБАЛ

Нејмар ќе го пропушти реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар Жуниор ќе го пропушти реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн во Минхен.

Бразилецот не успеа да се опорави навреме и ќе отсуствува на следните два натпревари на својот тим – против Нант во сабота и Баерн во среда.

„Нема да можам да сметам на Нејмар во следните два натпревари. Тој е еден од најдобрите стрелци и асистенти во Лига 1 и тоа е голема загуба за нас“, изјави Галтије.

Така во среда Пари Сен Жермен без него ќе треба да го брка минималниот минус од „Паркот на принцовите“.