ФУДБАЛ

Нејмар мора да врати 6,7 милиони на Барселона

Бразилскиот фудбалер Нејмар не ја доби тужбата против Барселона.

Напаѓачот на ПСЖ се пожали дека Барселона му должела 43,6 милиони евра во име на продолжување на неговиот договор, но судот во Шпанија застана на страната на Блауграна.

Шпанците ја отфрлија судската постапка на Нејмар, кој на крајот не само што ќе остане без бараната сума, туку и ќе мора да врати 6,7 милиони евра на Барселона.

Каталонците, пак, издадоа соопштение за медиуми во кое се аплаудираат на пресудата, за која Нејмар ќе може да ја обжали.

„Клубот ќе продолжи цврсто да ги брани своите легитимни интереси“, рекоа тие од Барселона.

Нејмар побара пари за лојалност, откако го продолжи договорот со Барселона пред да замине во ПСЖ, но бидејќи една година подоцна замина, од друга страна, тие утврдија дека сите обврски се неважечки. Судот на крајот се согласи.