ФУДБАЛ

Нејмар: Можеше да биде полошо, Бог ме спаси

По уште една повреда, Нејмар се огласи на Инстаграм.

Од потписот за ПСЖ, Нејмар пропушти многу натпревари поради повреди, а што е најлошо, повеќето од нив се случија пред важните игри во Лигата на шампионите.

На крајот, се чини дека станува збор за помалку сериозна повреда поради која Бразилецот ќе пропушти само неколку недели.

„Можеше да биде полошо, но уште еднаш Бог ме спаси од нешто сериозно, а мојот плач беше од болка, очај, страв, вознемиреност, операција, патерици и други ужасни спомени“, објави Нејмар на Инстаграм.

„Се надевам дека ќе се опоравам и ќе се вратам што е можно побрзо“, додаде Бразилецот.