Фантастичниот Нејмар на мечот со Јапонија стигна до 74. гол во репрезентативниот дрес.
Бразилците во понеделникот на пријателскиот натпревар во Токио ги победија Јапонците со 1-0 . Тој еден гол го постигна фудбалерот на Пари Сен Жермен од пенал во 77. минута.
Нејмар сега заостанува само три гола зад славниот Пеле. Некрунисаниот фудбалски крал е најдобриот стрелец на бразилската репрезентација на сите времиња. На 92 натпревари постигна вкупно 77 гола.
Пеле и најмладиот стрелец
Нема сомнеж дека Њемар наскоро ќе стигне до Пеле. Сепак, еден рекорд тешко дека некој ќе го собори: Пеле е и најмладиот стрелец во историјата на Бразил. Имаше само 16 години и девет месеци кога постигна гол против најголемиот ривал Аргентина во јули 1957 година…
Точно, Нејмар стигна до бројката од 74 гола на значително повеќе одиграни натпревари – вкупно 119.
Роналдо е на третото место во листата на стрелци со 62 гола (на 98 натпревари). Следат Ромарио со 55 (70), Зико 48 (71), Бебето 39 (75), Ривалдо 35 (74). Жаирзињо (81) и Роналдињо (97) имаат по 33…
74 international goals for Neymar
Only three away from equaling Pelé's record as Brazil's all-time top scorer 🇧🇷 pic.twitter.com/6Lqzt1nqxg
— B/R Football (@brfootball) June 6, 2022