ФУДБАЛ

Нејмар на чекор од потпишување нов договор со ПСЖ

Нејмар ги сруши сите рекорди пред четири години бидејќи премина од Барселона во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра.

Бразилецот играше за каталонскиот клуб четири години и освои скоро се што можеше, а потоа ги изненади сите со својата одлука да ја прифати понудата на парижаните и да се пресели во ПСЖ.

ПСЖ тогаш активираше откупна клаузула од 222 милиони евра без никакви преговори со Каталонците. Барса се обиде подоцна да го врати Нејмар и тој сакаше да се врати, но немаше ништо од тоа.

Нејмар сега тврди дека е многу среќен во ПСЖ и е подготвен да го продолжи договорот кој истекува следното лето.

Но, не е тајна дека ПСЖ и Нејмар веќе преговараат за нов договор и се чини дека Бразилецот нема да го напушти Паркот на Принцовите толку брзо. Ле Паризиен објави дека договорот е скоро постигнат и дека Нејмар ќе потпише договор до летото 2026 година.

Тој од пристигнувањето од Барселона има одиграно 103 натпревари за ПСЖ, постигнувајќи 83 гола и додавајќи 47 асистенции.