ФУДБАЛ

Нејмар: „Најлошиот момент во мојот живот“

Првата ѕвезда на Саудискиот Ал Хилал и бразилската репрезентација Нејмар  заработи тешка повреда на коленото на натпреварот меѓу Уругвај и Бразил (2:0) во квалификациите за Светското првенство.

Заврши сезоната за Нејмар, го чека пауза од неколку месеци, што автоматски значи дека ќе ја пропушти Копа Америка која ќе се игра следното лето.

Неодамна Нејмар стана играч на Ал Хилал. Клубот од Саудиска Арабија му плати на Пари Сен Жермен 100.000.000 евра за да ја доведе една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, а на Бразилецот му вети 320.000.000 за двегодишна соработка. Големото прашање е кога навивачите на Ал Хилал повторно ќе го видат во дресот на овој клуб.

Тешката повреда и новата пауза Нејмар ја коментираше на социјалните мрежи.

„Ова е тажен момент, најлош во мојот живот. Знам дека сум силен, но овој пат ќе ми треба поддршка од пријателите и семејството. Не е лесно да се помине низ повреда и операција и само четири месеци по закрепнувањето. Имам верба во Бог и оставам се во негови раце. Ви благодарам на сите за пораките за поддршка“, напиша Нејмар.