Во соблекувалната на ПСЖ има многу проблеми, а за нив наводно главен виновник е Нејмар.
По завршувањето на преодниот рок, француските медиуми пренесоа навистина неверојатна вест, а во главна улога е Нејмар.
Долго време имаше приказна дека ПСЖ не е задоволен од настапите на Бразилецот, но тој ја подобри формата, но и тоа не беше доволно.
Во ПСЖ сфатија дека мора да се ослободат од Бразилецот и се обидоа да го направат тоа со сите сили, но на крајот не успеаја.
Парижаните решија да го понудат Нејмар на некои клубови, а еден од клубовите беше Манчестер Сити.
Гвардиола имаше можност да го доведе Бразилецот во својот тим, но одлучи дека не му треба, и дека ќе биде вишок во тимот.
Нејмар игра во добра форма од почетокот на сезоната, но проблем е односот меѓу играчите кој најмногу го расипува една од главните ѕвезди во тимот.
Наводно, најголемиот проблем лежи во тоа што Нејмар веќе не е толку добар пријател со Мбапе, а тоа му штети на тимскиот дух, но и на атмосферата во соблекувалната.
Сити наводно кратко одговорил дека го донеле Халанд, и дека не им треба играч со квалитетите на Нејмар.
Така Бразилецот ќе остане член на ПСЖ уште најмалку шест месеци, а што ќе се случи во јануари останува да видиме.