Одличниот Бразилец Нејмар нема да го напушти ПСЖ на крајот на краиштата.
Париските навивачи се плашат со оглед на тоа што Барселона опасно сака да го вратат назад Бразилецот, но тоа веројатно нема да се случи.
Играчот од средниот ред Андер Херера посочува дека Бразилецот е среќен во ПСЖ.
“Нејмар и Мбапе се чувствуваат исполнети тука. Нејмар е многу вклучен во овој клупски проект. Тој ми рече дека никогаш не бил толку среќен во Париз”, рече Херера.
ПСЖ му плати на Барселона 222 милиони евра за неговите услуги, а Бразилецот стана еден од најплатените фудбалери во светот, заработувајќи 37 милиони евра по сезона.
Сепак, Нејмар одигра само 80 натпревари од можните 155 во дресот на францускиот клуб во текот на претходните три сезони.
Тоа е во просек од 26 натпревари по сезона, а со оглед на неговата плата од 37 милиони евра по сезона, Бразилецот наплаќаше околу 1,4 милиони евра за секој настап.