ФУДБАЛ

Нејмар објави фотографија од својот отечен зглоб, со јасна порака

Додека медиумите се занимаваат со прашањето кој ќе го замени повредениот Нејмар во бразилскиот тим, првата ѕвезда на Бразил објави фотографии од отечениот зглоб.

Во четвртокот против Србија, Нејмар играше до 80. минута кога беше заменет со Антони поради повреда на скочниот зглоб. Тој се повреди  десет минути претходно по дуелот со Никола Миленковиќ .

Нејмар поради повредата сигурно нема да игра во второто коло против швајцарскиот тим, а како што стојат работите веројатно ниту на последниот натпревар од групната фаза против Камерун.

Лекарите на бразилската репрезентација се обидуваат што побрзо да го подготват за игра, а Нејмар на својот Инстаграм профил објави „приказна“ во која покажа отечен скочен зглоб со порака:

“Бораааа!” (Да одиме!)

Во понеделник се закажани натпреварите од второто коло од групата Г меѓу Бразил и Швајцарија и Србија и Камерун. Бразил во првиот натпревар ја победи Србија со 2:0.